Киву е прв странец кој освоил Скудето по Жозе Мурињо!

Звучи неверојатно, но Кристијан Киву е првиот странски тренер кој ја освоил Серија А по 2010 година кога тоа го направи Жозе Мурињо.

Во меѓувреме, цели 15 години, клубовите кои го освојуваа Скудетото беа водени од италијански тренери.

Од 2010 до оваа сезона, Алегри ја освои шестпати Серија А, Антонио Конте петпати и по еднаш Маурицио Сари, Стефано Пиоли, Лучано Спалети и Симоне Инзаги.