Скандал: Нејмар истепал син на бразилска легенда!
Тој физички се пресметал со 18-годишниот син на Рибињо. Според информациите од Бразил, Нејмар го шутирал младиот соиграч, му удрил шлаканица и го сопнал.
Причина за инцидентот било тоа што Робињо Жуниор го дрибнал Нејмар. Искусниот фудбалер тоа го сфатил како понижување, по што го нападнал тинејџерот.
Наместо да го прифати потегот како дел од играта, Нејмар ја изгуби контролата и на чудење на сите му се пуштил на детето.
Тренингот веднаш бил прекинат, а атмосферата во тимот станала исклучително напната.
Има многу реакции во бразилската јавност, многумина бараат сакции за Нејмар. На потег е Сантос.
Со ваквото однесување, Нејмар си ги намалува шансите за повик во репрезнтацијата за Светското првенство.
Фото: FB/Santos