Шишковски и Херера станаа шампиони!
Новото име во националниот тим, Себастијан Херера, заедно со голманот Дамјан Шишковски стигнаа до титулата во Босна и Херцеговина како дел од тимот на Борац Бања Лука.
За титулата да биде послатка, таа е заверена против Сараево на легендарниот стадио „Кошево“ каде Борац победи со 1-0. Тоа е и стадионот каде Македонија ќе игра против БиХ.
На четири кола пред крајот, Борац има убедлива предност од 13 бода во однос на Зрињски, што значи дека шампионската трка е решена и славјето веќе започна.
Претходно на титула се израдуваа Никола Серафимов со Левски и Елмин Растодер со Тун.