Милан втор натпревар во низа не даде гол и загуби на „Реџо Емилија“ (ВИДЕО)

Сасуоло на „Реџо Емилија“ попладнево го изненади Милан и славеше победа од 2-0 во натпревар во кој фаворитот потфрли и домаќините апсолутно ги заслужија бодовите затоа што беа подобар противник.

Резултатот рано по само пет минути игра го отвори искусниот Доменико Берарди. Проблемите за Милан се зголемија во 24-тата минута кога Томори заработи втор жолт картон и беше исклучтен.

Милан се обиде да нападне во таква ситуација имаше свои моменти, но тоа беше премалку за да се надева барем на бод. Конечниот резултат го постави Лауриенти кој стрелаше по само две минути игра во второто полувреме.

За Милан ова беше втор натпревар во кој не победи и втор во кој не постигна гол бидејќи во минатото коло ремизираше со Јувентус. Токму „старата дама“ сега има прилика да се израмни со „росонерите“ на табелата, ако ја оправда фаворитската улога против Верона.  Сасуоло пак е на деветата позиција и до крајот на сезоната ќе игра без резултатски притисок.

Фото: U.S. Sassuolo/X