Флик сепак можеби ќе го гледа Реал – му пропадна планот за театар!
Имено, Флик на прес-конференцијата беше запрашан дали ќе го гледа дуелот во Мадрид, а тој одговори дека има други планови.
„Дали ќе гледам Реал Мадрид - Еспањол? Можеби ќе одам во театар со мојата сопруга тогаш. Уште не сум бил“, рече Флик по вчерашниот меч на Барса. Нема да го гледам Реал Мадрид, тоа е сигурно. Тоа не е за мене. Ако нешто се случи, ќе ме информираат во ВатсАп групата“, одговори Флик.
Сепак, поради технички проблеми шоуто закажано за театарот во Барселона на кое требало да оди Флик е одложено и закажан е нов термин дури на 14-ти октомври.
Фото: Barcelona FC/FB