Мистерија во Наполи: Соиграч на Елмас исчезна, избриша Инстаграм - па се појави!
Никој во клубот не знаел каде е 34-годишниот стопер кој не се јавувал на повиците, а дополнителна загриженост создал фактот што тој во меѓувреме го деактивирал својот профил на Инстаграм.
За среќа, неизвесноста не траела долго бидејќи клубот неако успеал да стапи во контакт со играчот. Според „Газета дело Спорт“, Жесус својата постапка ја оправдал со лични проблеми. Иако ситуацијата е решена, од клубот ќе побараат детално објаснување од фудбалерот.
Жесус важи за еден од лидерите во соблекувалната на Наполи и човек од доверба на Антонио Конте. Тој во Наполи е од 2021 година и има одиграно 129 натпревари. Пред доаѓањето во Наполи играше за Интер и Рома за кои исто така има преку 100 настапи. Во Италија пристигна во 2011 година од Интернационал.