Наполи не го победи Комо, Интер утре може да стане шампион! (ВИДЕО)
Комо беше подобар противник и направи повеќе за да дојде до победата, но ниту една мрежа не се затресе.
Нашиот Елиф Елмас остана на клупата за резерви на овој натпревар, Конте направи само две замени.
Интер утре е домаќин на Парма и потребен им е само еден бод за да стане шампион на Италија.