Ипсвич се врати во Премиер лигата!

Премиер лигата доби уште еден учесник за наредната сезона, а по Ковентри кој тоа го обезбеди претходно, денеска му се придружи и Ипсвич.

Во последното коло во Чемпионшип за второто место кое носи директно во елитата се бореа Ипсвич и Милвокл, а на крајот Ипсвич ја оправда фаворитската улога против Квинс Парк Ренџес со победа од 3-0 и наредната година се враќа во Премиер лигата.

Славеше и Милвол против Оксворд со 2-0, меѓутоа тоа не им помогна поради победата на ривалот.

Интересна беше и борбата за плеј-офот каде што на крајот заедно со Милвол одат: Саутемптон, Миделсброу и Хал.