Продолжуваат проблемите на Арсенал: Двајца отпаднаа за дуелот со Фулам

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета потврди дека Каи Хаверц и Јуриен Тимбер се надвор од составот на „топчиите“ за денешниот натпревар против Фулам во 35. коло од англиската Премиер лига.

Арсенал ремизираше 1-1 со Атлетико Мадрид како гостин во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите и сега мора брзо да го префрли фокусот на Премиер лигата, каде што има три бода предност пред Манчестер Сити во трката за титулата. „Граѓаните“ имаат и натпревар помалку.

„Каи и Јирген се надвор“, откри Артета пред новинарите, одбивајќи да коментира дали Мартин Одегард ќе биде достапен за натпреварот со Фулам откако беше принуден да игра против Атлетико во среда.

Артета додаде за Хаверц дека германскиот репрезентативец ќе се потруди да биде подготвен за реваншот со Шпанците на 5 мај.