Вардар ги пушти во продажба билетите за дербито во кое сака да слави титула
На вардарци потребен им е само уште еден бод за и математички да го обезбедат врвот и да се радуваат можат токму против најголемиот ривал. Дербито кое прво требаше да се игра викендов, но е одложено поради европските обврски на Вардар ќе се одигра в четврток на 7 мај од 19:00 часот.
Билетите можат да се купат преку продажната мрежа на „MKTIktickets“, а цените се од 250 до 350 денари.
Блок A2, A3, A5, A6 – 350 ден
Блок A1, A4, G, 4, 5, 7, 12, 13, 14, 15 – 300 ден
Блок A, 1, 2, 3, 8, 11, 16 – 250 ден
Исто така Вардар ги потсети своите фанови и дека во продажба се билетите за реваншот против Монпелје кој на програмата е два дена порано на 5 мај.