Мајкл Џексон ќе биде тренер на Барнли!

Тренерска промена во Барнли откако клубот и официјално испадна во Чемпионшип, Скот Паркер доби отказ, а тимот ќе го води Мајкл Џексон.

Барнли ја соопшти разделбата со Скот Паркер кој не успеа да го задржи тимот во Премиер лигата.

„Скот Паркер ја напушти тренерската позиција со взамена согласност“, стои во соопштението на Барнли.

Двете страни имале дискусија по која се согласиле дека најдобро е да се разделат.

Во преостанатите четири кола од сезоната, тимот ќе го води досегашниот асистент на Паркер, Мајкл Џексон.

Во меѓувреме клубот ќе бара трајно тренерско решение.