Лазаров објави поширок список за Словачка - се враќа Талески, го нема Серафимов!
На списокот на репрезентацијата повторно е Филип Талески, тој е еден од тројцата кои настапуваат во странство покрај Мартин Томовски и Мартин Карапалевски. Останатите играчи се од домашното првенство.
На списокот овојпат го нема Мартин Серафимов кој во меѓувреме замина од Алкалоид и потпиша за Пелистер за кој ќе игра од наредната сезона.
Првиот бараж меч против Словачка го играме на гости на 13 мај, четири дена подоцна е реваншот во Скопје.
