Артета бесен на судиите: Ја гледаа снимката 13 пати, не знам како ова не е пенал

Многу лесно можеше Арсенал со победа да си замине од Мадрид, ако главниот судија на синоќешниот натпревар Дени Макели останеше на својата одлука и му доделеше втор пенал на лондонскиот тим.

Во 80. минута, Ханко жестоко стартуваше на зглобот на Езе, првата одлука на холандскиот судија беше пенал, но под голем притисок н домашните навивачи и Диего Симеоне, ја смени. Уште никој не знае која е причината за тоа бидејќи јасно се гледа стартот на Ханко, а сето тоа многу го изнервира менаџерот на Арсенал, Микел Артета.

„Тешко е да се разбере. Ги прифаќате одлуките затоа што постои стандард, но она што се случи со Езе - не го разбирам. Тоа што мора да го прегледате видеото 13 пати за да поништите казна на ова ниво на натпреварување, ми изгледа неприфатливо. Не знам како ова не е пенал“, рече Артета по натпреварот.

Макели доби критики за својата одлука и од голем број аналитичари на европските телевизии кои во живо го пренесуваа натпреварот од Мадрид.