Фудбалер на Арсенал згазна на грбот на Атлетико, Диего Симеоне и син му го нападнаа (ВИДЕО)
Инцидентот се случил на полувреме од напнатиот прв натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, кој заврши 1-1.
Џулијано Симеоне одеше зад Вајт кон тунелот и се налутил кога забележал дека дефанзивецот не го пречекорил грбот на Атлетико отпечатен на теренот. Нему потоа му се приклучи Диего Симеоне, двајцата го фатија противничкиот фудбалер и го оттурнаа кон тунелот.
Во шпанскиот фудбал, клупските грбови на теренот се сметаат за свети и од играчите се очекува да одат околу нив од почит. Снимките покажуваат други играчи од двата тима како одат околу грбот, додека Вајт одлучил да оди директно преку него.