Одличен меч на „Паркот на принцовите“: ПСЖ води со 3-2 против Баерн (ВИДЕО)

ПСЖ и Баерн Минхен одиграа одлично прво полувреме со дури пет погодоци (3-2) на „Паркот на принцовите“ во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).

Кејн погоди за баварскиот гигант од пенал во 17. минута, но радоста траеше само седум минути бидејќи Квича Кварацхелија успеа да израмни на 1-1.

ПСЖ направи и целосен пресврт во 33. минута кога Невес ја затресе мрежата на Ноер за 2-1. Сепак, Олисе успеа со прекрасен гол во 41. минута да го израмни резултатот.

Вистинска драма се случуваше во судиското надополнување, кога главниот арбитар мораше да гледа ВАР-снимка, по која покажа пенал за ПСЖ, а истиот го реализира Дембеле.

Фото: Facebook/PSG - Paris Saint-Germain