Ракометните кадети се искачија на светскиот трон и ја израдуваа Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската кадетска репрезентација денеска славеше против Израел со 38-32 и со тоа ја потврди својата доминација на Светското училишно ракометно првенство, кое се одржа во Скопје.

Младите ракометари одиграа неверојатен турнир каде што беа незапирливи за противниците, а последен во серијата настрада Израел за Македонија да се искачи на светскиот трон.

Кадетките, исто така, имаа многу добар настап на турнирот и го завршија на второто место.