Добри вести за Реал - ќе биде засилен за Ел Класико
За десетина дена на Камп Ноу се игра последното Ел Класико за оваа сезона, а по се изгледа составот на Арбелоа ќе биде засилен на тој меч. Најавено е учеството на Тибо Куртоа кој е повреден повеќе од еден месец и го немаше во клучниот период од сезоната поради здравствени проблеми.
Белгискиот голман се наоѓа во финална фаза на рехабилитација и се очекува на почетокот од идната недела да се врати на редовните тренинзи на тимот. Тоа му дава доволно време да се подготви за дербито со оглед на фактот што Ел Класико се игра на 10 мај.