УФЦ го потврди доаѓањето во Белград, објавен и датумот!

По повеќемесечни најави и шпекулации, сега пристигна и официјална потврда за доаѓањето на УФЦ во Белград.

Најсилната светска ММА организација ќе го одржи својот настан на 1 август оваа година во „Белградска арена“. Веста е потврдена и на официјалниот профил на УФЦ на каде што порачаа:

„Србија, доаѓаме! Октагонот за првпат слетува во Белград на 1 август!“.

Ова ќе биде големо враќање на УФЦ во регионот, откако последен пат гостуваше во Загреб во 2016 година. 

Настанот го најави и претседателот и извршен директор на УФЦ, Дејна Вајт.

„Отсекогаш сакав да го донесам УФЦ во секој дел од светот, а Србија е нашата следна станица. Ќе приредиме борби од врвна класа! Се гледаме таму“, порача Вајт.

Засега не се откриени имињата на борците кои ќе се борат на овој настан.