Грилиш им се врати на старите навики – „мртов“ пијан спие во бар во Манчестер (ФОТО)

Англискиот репрезентативец Џек Грилиш повторно е на насловните страници на британските медиуми откако беше фатен како спие во бар во Манчестер, очигледно во алкохолизарана состојба.

Фудбалерот на Евертон, кој се опоравува од повреда, ја поминал саботата пиејќи со пријатели, но како и секогаш, заборавил да застане. Според очевидци, Грилиш пристигнал во барот „Stories“ во Манчестер околу 16:30 часот во саботата, еден час подоцна, наводно, цврсто спиел на маса, опкружен со празни чаши и шишиња коктели.

 

 

„Неговите пријатели се обидуваa да го разбудат. Очигледно алкохолот брзо го допрел“, рекол еден од присутните гости.

Инцидентот се случил во лошо време за 30-годишниот Грилиш, кој е позајмен во Евертон од Манчестер Сити. Фудбалерот се опоравува од тешка операција на стапалото поради која ќе го пропушти остатокот од сезоната. Уште поболно е што дефинитивно ја изгуби секоја шанса за место во репрезентацијата на Англија на претстојното Светско првенство.