ТФТ им се врати на победите: Ташовски му даде 32 поени на Маџари (ФОТО)
Маџари имаше подобар почеток на натпреварот и ја доби првата четвртина со 28-21, но набрзо ТФТ влезе во одличен ритам и до полувреме го сврте резултатот во своја корист (45-43).
Големата борба продолжи и во второто полувреме, каде што речиси постојано екипата од Тафталиџе имаше предност, а на неколку минути пред крајот достигна и +11 (83-72). Маџари го возврати ударот и почна да ја топи негатива, но стигна само до минус три (82-85).
Виктор Ташовски беше најефикасен кај ТФТ со 32 поени, еден скок и пет асистенции, додека Томи Левис постигна 19 поени, три скокови и шест асистенции за Маџари.


