Проектил на Нико Гонзалес го однесе Сити во ново финале (ВИДЕО)

Четврти пат по ред, Манчестер Сити ќе игра во финалето од ФА Купот откако вечерва, потешко од очекувањата го совлада второлигашот Саутемптон со 2-1.

Се што беше важно на овој меч се случи во последните десетина минути во кои беа постигнати трите гола. Саутемптон го изненади фаворитот и поведе со голот на Азаз во 79. минута. За среќа на Сити, Доку само четири минути подоцна го израмни резултатот, а по големиот притисок, Нико Гонзалес го постави конечниот резултат со проектил од околу 25 метри со кој ја „скина“ мрежата на противникот.

Со оваа победа Манчестер Сити останува во игра за тројна круна во англискиот фудбал оваа сезона. Минатиот месец го освои Лига купот, сега ќе се бори за ФА Купот (против Лидс или Челси), а со Арсенал води жестока борба за трофејот во Премиер лигата.