ФИФА очекува приход од 11 милијарди долари од продажба на билети за СП 2026
Проширениот формат на натпреварувањето, на кое ќе настапат 48 репрезентации, носи поголем број на натпревари, но и големиот капацитет на стадионите ќе донесе повеќе навивачи на трибините, а со тоа и поголема заработка.
Мундијалот ќе се одржи во САД, Канада и Мексико во период од 11 јуни до 19 јули оваа година.
Фото: FIFA