Леброн погоди тројка на 13 секунди пред крај, Лејкерс со пресврт до трета победа! (ВИДЕО)

Леброн Џејмс одигра уште еден одличен натпревар и ги предводеше Лејкерс до трета победа против Хјустон од 112-108 за водство во серијата од првата рунда во плеј-офот со 3-0.

Натпреварот Леброн го заврши како најефикасен во својот тим со дабл-дабл од 29 поени, 13 скока и шест асистенции за нешто повеќе од 45 минути поминати на паркетот. Тој беше стрелец и на тројка на 13 секунди пред крајот на регуларниот дел со која донесе израмнување и го одведе натпреварот во продолжение каде што Лејкерс беа подобар противник.

Зад него по учиникот следеше Руи Хачимура со 22 поени, па Маркус Смарт со 21 поен. На спротивната страна не беа доволни 33 поени и 16 скокови на Алперен Шенѓун, додека Амен Томпсон запиша дабл-дабл од 26 поени и 11 скока.

Ќе потсетиме, Лејкерс во серијата се без своите најдобри стрелци Лука Дончиќ и Остин Ривс, кај Хјустон и во овој натпревар го немаше Кевин Дурент.

На останатите две средби Сан Антонио со победа од 120-108 на гости кај Портланд намали на 2-1, а на 2-1 намали и Бостон кој ја совлада Филаделфија со 108-100 исто така на гостински терен.