Наполи го растури Кремонезе за 21. триумф во Серија А (ВИДЕО)
Натпреварот беше решен уште во првото полувреме во кое Наполи постигна три голови, и тоа преку Мектоминеј, Хојлунд и Де Брујне.
Алисон Сантос беше стрелец на четвртиот погодок за „небесно-сините“, додека Мектоминеј во финишот промаши пенал за Наполи.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 75. минута на местото на Де Брујне.
Наполи е втор во Серија А со 69 бодови, додека Кремонезе се наоѓа пред зоната за испаѓање и има ист број поени со Лече.
Фото: Facebook/Napoli