Јамал испрати емотивна порака: Ова ме боли многу, но ќе се вратам посилен!

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал испрати порака преку социјалните мрежи по тешката повреда со која се здоби на мечот против Селта.

Јамал го постигна единствениот гол на мечот против Селта (1-0), по што мораше да го напушти теренот, а медицинските прегледи покажаа дека за него е завршена сезоната.

„Оваа повреда ме исфрли од теренот кога најмногу сакав да бидам таму и ме боли повеќе од било што. Ме боли што не можам да се борам покрај моите соиграчи, што не можам да им помогнам. Но верувам во нив и знам дека ќе дадат сè од себе“, кажа Јамал.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @lamineyamal

Фото: Facebook/FC Barcelona