Надал, Синер, Белингам и Куртоа играат тенис, а им суди Перез! (ВИДЕО)

Стадионот на Реал Мадрид беше претворен во тениска арена, и така ќе остане во следните 10 дена каде што ќе може да тренираат најдобрите тенисери и тенисерки во рамки на мастерсот во Мадрид.

„Кралевите“ на овој начин решија да го промовираат својот нов, мултифункционален стадион, а ова попладне се појави интересно видео за кое многумина би помислиле дека е создадено од Вештачка интелигенција, меѓутоа истото е реално.

На едната страна на тенискиот терен беа Рафаел Надал и Тибо Куртоа, додека на спротивната беа Јаник Синер и Џуд Белингам, а судиското столче беше резервирано за Флорентино Перез.