Mихајловски: Вардар го доби најголемиот спонзор во историјата на клубот!
Договорот Вардар го потпиша на една година со најава и за продолжување. Исто така претседателот Михајловски потврди и дека Вардар за првпат добива авто-спонзор.
„Потпишавме соработка со Делфино Ретнтакар кој е мал спонзор, но ние не ги делиме никогаш. Вардар така за првпат доби свој авто-спонзор. Нема разлика во мали и големи, ама кога ќе добиете најголем спонзор во историјата на клубот навистина ми е чест што потпишавме со Казинос Австрија Интернешионал. Тоа не е само договор од денес за утре. Се надевам ќе трае и во иднина. Тие помагаат многу, од Иџе, па коашркарски клубови...
Многу сум благодарен ова ќе биде голем ветер во грб за сите нас да се вратиме на старите патеки. Немаме илузија дека ќе ги повториме 2017 и 2019 година, но оидиме чекор по чекор и ќе се обидеме да достигнеме максумум, тоа е да бидеме во топ десет екипи во Европа. Има повеќе од 20 екипи со над 15 милиони евра буџет и со нив не можеме да се бориме“, изјави Михајловски.
Пред новинарите зборуваше и директорот на компанијата, Аднан Шариќ,
„Горди сме што станавме дел од семејството на Вардар. Ова е клуб со традиција, Вардар е Македонија и за него нема потреба да се трошат многу зборува, тука сме да помогнеме да се врати на старите патеки, се надевеме дека ќе помогнеме и ова ќе биде континуитет“, порача Шариќ.