Маџари до врв го наполни кошот на Кожув и обезбеди полуфинале во плеј-офот!
Двете екипи беа ефикасни во нападот во првото полувреме, а скопскиот тим замина на паузата со водство од 56-45.
Маџари ја направи клучната разлика во третата четвртина која ја доби со 33-16, по што до крајот без поголеми проблеми ја обезбеди победата од 114-89.
Најефикасни во победничкиот тим беа Томи Левис со 27 поени и Тери Армстронг со 21 поен, додека Теодор Симиќ запиша 19 поени за Кожув.
Маџари со големата победа против директниот конкурент за четвртото место на табелата си обезбеди полуфинале во плеј-офот.
Во плеј-аутот, Куманово оствари голем триумф против Ангели со 96-77.