Навивачите на Силекс го „одработија“ најдолгото гостување во Македонија! (ФОТО)

Eкипата на Силекс денеска гостуваше на Охрид во рамките од првиот полуфинален натпревар во Купот на Македонија кој заврши 1-1, а кратовчани и на ова гостување имаа поддршка од своите верни Кратери.

За навивачите на Силекс не беше поблем тоа што Кратово и Охрид се оддалечини 272 километри и во еден правец има околу четири часа возење, па така вкупно денеска мораа да се возат најмалку осум часа за одење и враќање.

Ова гостување е и најдолгото кое реално може да се случи на нашата територија на еден фудбалски натпревар. Има реалции и дестинации кои се повеќе оддалечени меѓутоа нема активни клубови и навивачки групи во тие градови.

Останува сега да се види дали и Охрид во реваншот на 6 мај ќе ја има истата подршка од популарните Рибари кога нивниот тим ќе гостува во Кратово во борбата за финале.