Пелистер ја потврди разделбата со тренерот Алушовски!
Битолчани информираат дека Алушовски поднел оставка од својата работна позиција по поразот во полуфиналето на Купот на Македонија.
„Пелистер ја известува јавноста дека по поразот во полуфиналето на Купот на Македонија во Струмица, тренерот на екипата Стевче Алушовски поднесе оставка од својата позиција. Клубот ја прифати и му се заблагодари на Алушовски за професионалната работа. До крајот на сезоната екипата ќе ја води асистентот на Алушовски, Алексо Лембанов“, соопштија битолчани.