Охрид сонува нова куп-сензација, една Шкендија сигурно ќе игра во финалето!

Денеска стартуваат полуфиналните пресметки во Купот на Македонија, во кои второлигашите Охрид и Шкендија Арачиново ќе се обидат да приредат изненадување против прволигашите Силекс односно Шкендија Тетово.

Кратовци на теренот на противникот сакаат да дојдат до позитивен резултат и уште пред реваншот во Кратово да ги решат сите дилеми со што би останале во трка за трофејот што може да донесе и европски настап во Конференциската лига. Во таборот на Силекс го гледаат Купот како главна шанса за спас на сезоната, особено по загубената битка за шампионската титула, додека Охрид влегува мотивиран по елиминацијата на Вардар во претходната рунда.

„Нашата цел до крајот на сезоната е трофејот во Купот, иако ќе се бориме и за третото место во првенството. Но по случувањата во шампионатот, приоритет ни е Купот“, изјави тренерот на Силекс, Александар Васоски.

Тетовци, пак, на домашен терен ја продолжува битката за двојна круна, додека гостите паралелно се борат и за влез во прволигашкото друштво.

„Очекувам тежок и интересен натпревар. Мораме сериозно да го сфатиме противникот, бидејќи има квалитетен и искусен тим иако игра во Втората лига“, порача фудбалерот на Шкендија, Александар Трумчи.

КУП НА МАКЕДОНИЈА

(ПРВ НАТПРЕВАР)

Охрид: Охрид – Силекс (12 часот)

Тетово: Шкендија (Т) – Шкендија (А) (14 часот)