Интер беше на колена, но со пресврт го елиминира Комо (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер со неверојатен пресврт го елиминираа Комо (3-2) од полуфиналето на Купот на Италија.

Комо успеа да поведе преку Батурина во 32. минута од средбата, а на почетокот на вториот дел Да Куња зголеми на 2-0.

Интер не се предаде, па тргна со сите сили во напад и тоа набрзо резултираше со гол во 69. минута кога Чаланоглу погоди за 1-2, а истиот фудбалер во 86. минута стрелаше и за 2-2.

Само три минути подоцна на сцената блесна и Сучиќ, кој стрелаше за целосен пресврт и победа на Интер од 3-2.

Фото: Facebook/Inter