Лукаку ќе го реши проблемот со Наполи, но и ќе остане без 150.000 евра
Проблемот помеѓу Наполи и Лукаку настана кога белгискиот напаѓач наводно го игнроирал повикот од клубот да се врати во Италија и за повредата на коленото останал на рехабилитација во Белгија.
На состанокот покрај Лукаку биле и неговиот агент Федерико Пасторело и адвокатот Ледуре, а присутен бил и спортскиот директор на Наполи Џовани Мана. „Газета дело Спорт“ открива дека Наполи планира да го казни својот напаѓач со околу 150 илјади евра, што претставува 20 отсто од неговата бруто месечна плата.
И покрај сè, двете страни успеале да најдат заеднички јазик. Лукаку ќе продолжи со опоравувањето во Белгија, а се очекува дека за околу две недели повторно би можел да конкурира за тимот во самиот финиш од сезоната.