Го имаме првиот клуб од Премиер лигата кој официјално испадна!
Со овој бод Вест хем дојде до 33 бода со само два повеќе од Тотнем кој е првиот во опасната зона, Кристал палас од друга страна играше без притисок затоа што со 43 бода е сигурен, но исто така и нема шанси за излезе во Европа преку првенството.
Сепак и во таква ситуација играа борбено и не дозволија ривалот да освои дополнителни бодови кои сигурно за нив ќе имаа големо значење.
Вечерашното реми исто така значи и дека Вулвс и математички ги загуби сите шанси за опстанок во елитното друштво.