Алкараз ја победи конкуренција, го освои „Лауреус“ признанието
Наградата шпанскиот тенисер ја прими во Мадрид само неколку дена откако се повлече од турнирот во престолнината на Шпанија поради повреда. Главни конкуренти на Алкараз во битката за престижното признание беа: Јаник Синер, Тадеј Погачар, Осман Дембеле, Арманд Дуплантис и Марк Маркез.
Алкараз со ова се придружи на Рожер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ кои во кариерата исто така ја освојуваа наградата.
„Како дете мојот сон беше да освојувам грен-слеми и да бидам број еден во светот. Кога ќе погледнам назад, не мислам само на трофеите и резултатите, туку и на патот, работата и тешките моменти, но и луѓето кои останаа со мене во добро и лошо.
Сакам да се заблагодарам на мојата фамилија и мојот тим. Имам среќа што се тука, тие ми помагаат да растам како тенисер и како личност. Оваа награда им припаѓа ним“, изјави Алкараз.
Алкараз изминатата година ја заврши со биланс од 71 победа, девет порази, две освоени грен-слема и како број на АТП листата.
Признанието во женска конкуренција исто така заврши во тенисот и на него се израдува, Арина Сабаленка.
Фото: EPA