Фиго нема дилеми, знае кој е идеален човек за нов тренер на Реал Мадрид

Поранешниот фудбалер на Барселона и Реал Мадрид, Луис Фиго францускиот тренер Дидие Дешан е идеален кандидат за нов тренер на „кралевите“.

Фиго како фудбалер помина пет сезони во Реал Мадрид, а сега испрати совет до својот поранешен клуб.

„Французите треба да бидат благодарни и среќни затоа што Дешан е нивни селектор и поради сѐ што постигна. Има голем квалитет во тимот. Може да направи и две силни селекции бидејќи располага со неверојатни играчи. Кога ќе ја напушти репрезентацијата, за него се отвора ново поглавје. Верувам дека може да го преземе Реал Мадрид. Има искуство и личност за да успее во секој тим“, изјави Фиго за „РМЦ Спорт“.

Дешан ја водеше Франција до светската титула во 2018 година, а беше блиску и да одбрани титулата четири години подоцна во Катар, каде Франција во финалето загуби на пенали од Аргентина. Покрај титулата од Мундијалот, тој ја освои и Лигата на Нации.

На клупски план 57-годишен стратег досега беше тренер на Монако, Јувентус и Марсеј. има и четири освоени француски Лига купа – три со Марсеј и еден со Монако.

Фото: EPA