Младинците на Реал Мадрид на пенали ја освоија Лигата на шампиони! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид до 19 години го освоија трофејот во младинската Лига на шампиони откако вечерва го совладаа Клуб Бриж по изведувањето на пенали откако во регуларниот дел беше 1-1.

Финалето донесе голема борба и неизвесност, Реал Мадрид прв дојде до водство со голот на Јакобо Ортета во 24-тата минтуа, сепак белгискиот состав не се откажа и преку Тобиас Лунд Јенсен во 64-тата дојде до израмнување.

Во пенал-рулетот сепак фудбалерите на шпанскиот гигант беа подобри и серијата ја добија со 4-2 со што се искачија на европскиот трон.

За Реал Мадрид во оваа конкуренција ова е втора титула, претходната ја освои во сезоната 2019/2020.

Фото: EPA