„Барса го сака Бастони? Нека се јават, го знаат бројот“
Каталонскиот гигант веќе подолго време размислува за ангажман на цврст стопер, а повеќе извори од Италија тврдат дека разговорите меѓу играчот и каталонскиот клуб веќе се започнати, иако двата клуба сѐ уште немаат официјален контакт.
„Бастони има договор со Интер. Под никакви услови не би му предложил да го напушти клубот“, изјави Аусилио.
Во меѓувреме, шпанските медиуми објавија дека Бастони има желба да се пресели единствено во Барселона, а доколку трансферот не се реализира, ќе остане во Интер.
„Ако се заинтересирани, ги знаат нашите телефонски броеви и нека се јават. Така се работи, наместо само да се зборува“, додаде Аузилио.