Aрбелоа ги обвини судиите во Шпанија: Затоа имаме повеќе титули во ЛШ
Арбелоа алудираше на ставот во клубот дека судиските грешки во Шпанија на штета на Реал се почести и дека токму тие се главната причина поради која „кралевите“ не можат да ја освојат титулата.
„Постои причина и на многумина им е лесно да ја забележат“, изјави Арбелоа, запрашан зошто мадридскиот гигант има шест титули во Лигата на шампионите во последните 20 години и седум во првенството во истиот период.
„Секако дека имаме простор за напредок во првенството во последните години, но мислам дека во изминатите неколку месеци игравме подобро на големите, тешки натпревари отколку против послабите противници“.
Критиките на тренерот се најнова епизода во долгогодишниот судир меѓу клубот и шпанското судиско тело, особено по истрагата во случајот „Негреира“, кој се поврзува со Барселона. Арбелоа и претходно беше остар, нарекувајќи го овој случај „најголем скандал во шпанскиот фудбал“.
„Но, имавме и ситуации како (жалбата за пенал) на натпреварот против Жирона, поради кои за Реал Мадрид е полесно да ја освои Лигата на шампионите отколку домашното првенство“, додаде Шпанецот.