Замената за Касемиро доаѓа од - Реал!?

Манчестер Јунајтед веќе размислува за летниот преоден рок, со речиси сигурно пласман меѓу првите пет екипи во Премиер лигата и место во Лигата на шампионите следната сезона.

Според „Телеграф“, менаџментот на премиерлигашот се насочил кон ѕвездата од средниот ред на Реал Мадрид, Орелиен Чуамени. Во оваа фаза, таков договор изгледа малку веројатен, бидејќи ниту играчот, ниту Реал не изразиле желба да се разделат. Сепак, Манчестер Јунајтед бара нова ѕвезда во својот дефанзивен среден ред и верува дека Чуамени би бил совршена замена за заминувачкиот Касемиро.

Ако, сепак, Јунајтед ја оствари својата цел, повторно ќе донесе последен играч за врска од редовите на Реал Мадрид.