Дарио одличен на маратонот во Белград, заврши втор! (ВИДЕО)
Иако не постави личен рекорд и маратонот го заврши со време од 2:09.35, Дарио сепак успеа да заврши на второто место што е одличен резултат.
Победник беше Етиопиецот, Гемсиса Гада кој целата ја мина за 2:09.11, а третото место му припадна на Џон Ерот од Кенија. Посебно одличен Дарио денеска беше во вториот дел од патеката кога од четвртото место стигна до втората позиција.