Шок за Нагелсман: Германија на СП оди најверојатно без ѕвездата на Баерн!
Баерн потврди дека Гнабри се здобил со пукање бутниот мускул на десната нога поради што го чека подолга пауза. Од клубот не открија колку Гнабри ќе паузира, меѓутоа според информациите на „Билд“ се очекува тоа да биде помеѓу два и три месеци што значи дека сезоната за него е завршена.
Повредата Гнабри ја заработил на последниот тренинг пред денешниот меч против Штутгарт, натпревар на кој Баерн има шанса да ја потврди новата титула во Бундеслигата. Но, ако работата во Германија е речиси завршена, Баерн без него ќе мора да биде и во полуфиналето од купот против Баер Леверкузен, но уште поважано и во Лигата на шампионите каде што во истата фаза ги чека ПСЖ.
Гнабри сезонава одигра 37 натпревари, постигна 10 голови и запиша 11 асистенции, а во дресот на Баерн вкупно има 103 голови и 72 асистенции на 322 настапи.
Кога е репрезентацијата во прашање, Нагелсман наводно е сигурен дека нема да го има на располагање, бидејќи списокот на повикани фудбалери треба да го објави најдоцна до 12 мај, а за Германија почнува на 14 јуни против Курсао.