Ѓоковиќ им се обрати на фановите со разочарувачка вест!
Ѓоковиќ е во Мадрид, синоќа беше на кошаркарскиот меч меѓу Реал и Црвена звезда. На новинарите им рече дека е неизвесен за настапот на тенискиот турнир, а денеска стигнува информација дека дефинитивно нема да игра.
„Мадрид, за жал нема да можам да се натпреварувам оваа година. Продолжувам со опоравувањето за да се вратам наскоро“, им се обрати Ѓоковиќ на фановите преку социјалните мрежи.
Следниот турнир на кој цели да настапи е мастерсот во Рим кој се игра од 6 до 17 мај.