Македонските ракометарки ги дознаа противниците на ЕП 2026
Нашата ракометна репрезентација ќе биде во групата Б со селекциите на Норвешка, Романија и Швајцарија со кои ќе играат во романскиот град Клуж.
Европското првенство почнува на 3 декември, а финалето се игра на 20 декември. За Македонија ова ќе биде девето учество, а трето последователно.
