Арбелоа: Повеќе се грижам за Реал Мадрид отколку за себе!

Реал Мадрид доживеа елиминација од Лигата на шампионите, па речиси сигурно е дека втора сезона по ред ќе заврши без трофеј, ова би требало да значи и дека на лето ќе добијат нов тренер.

Ултиматумот за Арбелоа за кој пишуваа шпанските медиуми беше да освои барем еден трофеј за да остане на клупата на Реал, но тоа не се случи.

„Кога седнав на клупата мојата цел никогаш не беше да докдажам дека сум добар тренер или паметен тренер, секогаш беше да му помогнам на клуб, на фудбалерите, да бидам од нивна страна“, вели Арбелоа.

„Дали клубот треба да ми даде втора шанса следната сезона? Ќе ја разберам секоја одлука која ќе ја направи клубот. Јас сум човек на Реал Мадрид. Се грижам за овој клуб многу повеќе отколку што се грижам за себе“.

„Чувствувам дека направив се за да му помогнам на овој тим да победи. Давав се што можев секој ден. Сакам Реал да победува без разлика кој е тренер. Ќе ја почитувам клупската одлука“.