Симеоне ги провоцираше фановите на Барселона по мечот во Мадрид (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид се пласираше во полуфинале на Лигата на шампиони (ЛШ), откако ја елиминира Барселона, а тренерот Диего Симеоне ги провоцираше гостинските навивачи по дуелот.

Аргентинскиот тренер им гестикулираше на навивачите на Барселона да „одат на спиење“, а тоа го сними камерата, па целата ситуација стана хит на социјалните мрежи.