Македонските кадети ја растурија селекцијата на Грција!

Македонските ракометни кадети ја декласираа Грција со 28-20 (9-9, 9-9 и 10-2) во четвртото коло од Медитеранските игри кои се одржуваат во Словачка.

Македонија и Грција одиграа нерешено во првите две третини (9-9 и 9-9), додека нашите кадети доминираа во последниот период каде што славеа со 10-2 и стигнаа до голема победа.

Нашата репрезентација претходно славеше против Црна Гора со 28-20, а загуби од Египет со 23-25 и Шпанија со 17-24.

Македонија по четири одиграни натпревари во само два дена се наоѓа на втората позиција во група А со 10,5 поени.

Натпреварите на турнирот се играат во три третини по 15 минути, при што секоја од екипите добива по еден бод за добиена третина или 0,5 поени ако е нерешено, како и дополнителни два поени за триумф.