Главоболки за Артета пред дуелите со Спортинг Лисабон и Манчестер сити

Арсенал доживеа тежок пораз од Бормут (1-2) во Премиер лигата со што си ја загрози предноста пред Манчестер сити во трката за титулата, а денеска пристигнаа нови лоши вести за тренерот Микел Артета.

Последните информации покажуваа дека на денешниот тренинг не биле присутни неколку ѕвезди, меѓу кои се Букајо Сака, Мартин Одегард, Рикардо Калафиори, Јуриен Тимбер и Деклан Рајс.

„Топчиите“ в среда ќе се соочат против Спортинг во 21 часот, додека дуелот против Манчестер сити е закажан за недела од 17.30 часот.

Фото: Facebook/Arsenal