Шок на Олд Трафорд: Лидс ги однесе бодовите (ВИДЕО)
Тогаш ремизираше на гостувањето кај Борнмут, а вечерва загуби со 1-2 на домашен терен против Лидс. Победата е од огромно значење за Лидс кој си ги зголеми шансите за опстанок во Премиер лигата, но не би требало да има последици за Јунајтед кој и натаму има голема предност пред Челси во борбата за пласман во Лигата на шампионите.
Херој на Лидс беше Окафор кој ги постигна двата гола и тоа во првите 30 минути од натпреварот. Јунајтед остана со фудбалер помалку во 56. минута поради исклучувањето на Лисандро Мартинез, но и десеткувани, домаќините успеаја да намалат преку Касемиро во 69. минута и да направат притисок за израмнување.
До тоа, сепак, не дојде, Лидс успеа да го сочува својот гол и да освои исклучително важна победа на Олд Трафорд.