Струга објави детали за фудбалерот кој можеше да настрада против Тиквеш

На денешниот натпревар помеѓу Струга и Тиквеш дојде до непријатна сцена во која сериозно можеше да настрада Сенегалецот, Папе Фал.

Само некоја минута откако влезе во игра во второто полувреме, Фал по еден дуел со противнички фудбалер незгодно падна и можеше да заработи сериозна повреда.

По падот Фал се обиде да продолжи, меѓутоа набрзо повторно му се слоши, па мораше веднаш да интервенира и лекарската екипа со брзата помош кој го пренесе во болница.

„Папе Фал е во добра и стабилна здравствена состојба по инцидентот на денешниот натпревар против Тиквеш. По извршените лекарски прегледи, му беше направена и компјутерска томографија на главата, која покажа дека неговата состојба е стабилна и под контрола“, информаа од Струга.

Според најавите тој многу брзо би требало да се врати на терените.